×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каде советниците ќе ја дочекаат Новата година?

    31.12.2014 10:24 | KumanovoNews

    Советниците од Советот на општина Куманово главно, Новата година ќе ја дочекаат во домашна атмосфера со најблиските.

    Каде советниците ќе ја дочекаат Новата година?

    Тие очекуваат во 2015 година многу здравје, среќа, бериќет, напредок за Куманово и Македонија.

    Сунчица Јосифова, советник од НСДП

    За Новата година ќе бидам дома, со моите најмили. Најверојатно ќе излезам и на Градскиот плоштад каде ќе има организирана забава. Што се однесува за 2014 година, тоа беше една тешка година во која сите ние се соочивме со многу проблеми како на економски така и на политички план. Што се однесува за 2015 година и покрај тоа што по природа сум оптимист, мислам дека и понатаму ќе бидеме соочени со многу проблеми и понатаму граѓаните ќе бидат притиснати со проблеми на финансиски план, невработеност, пад на стандардот, високи казни. Ќе ни треба многу сила, енергија и сплотеност за да излеземе од состојбата во која сме сега. Затоа на сите од срце им ја честитам Новата година и им посакувам да не ја губат вербата дека можеме заедно да направиме промени кои во 2015 год. ќе ни ја покажат светлината во тунелот.

    Злата Божиновска, советник од ВМРО - ДПМНЕ

    2014 ке ја паметам по позитивни и успешни денови како и по успесите на моите керки. 2014 година ми е од најубавите години која ке ја паметам по многу патувања, важни одлуки кои ни донесоа среќа во семејството. Би сакала да ги реализирам започнатите идеи и да имам успешна година во целина со многу љубов од најмилите, здравје за сите што ги сакам. Во Новата година им посакувам на сите мои сограѓани да имаат плодна и бериќетна година. Нека биде исполнета по сето она што го замислиле. Нека во наредната година нема ниту еден невин изгубен живот. Да немаме насилство и да имаме повеке разум. Секоја година, па и оваа ја дочекувам со пријателите во домашна атмосфера. Сакам во Новата година да гледам насмеани лица, весели и безгрижни. Да сме здрави, живи и среќни сите. Нека ни е за многу години.

    Александар Петров, советник од ВМРО - НП

    Јас Новата година ќе ја дочекам со семејството на Копаоник, во Србија. Инаку 2014 година ќе ја паметам како многу тешка за мене, односно не сакам да ја паметам. Новата 2015 година очекувам да биде навистина “нова“, да има многу здравје, среќа и бериќет.

    Саша Николиќ, советник од ДПСМ

    За Нова година традиционално ќе бидам во кругот на семејството со сопругата и двата сина. Стара Нова година ја прославуваме во “Грација“. 2014 година ќе ја паметам по катастрофалните поплави во соседството, во Србија и БИХ кои без дом оставија многу луѓе, многу животи беа во опасност, а некои луѓе и ги изгубија животите. Горд сум што бев меѓу доброволците и со личен ангажман им помогнавме на тие луѓе, собиравме хуманитарна помош. Во 2015 година очекувам здравје, среќа, благосостојба и подобра иднина за мене, за моето семејство и за сите граѓани на Куманово и на Република Македонија.

    Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово

    Јас 7 години славам во домашна атмосфера со семејството и другарите. Сега децата пораснаа и ке може да мрднеме и надвор. Имам покана од другари да бидеме гости во Софија, но сеуште немаме одлучено. На локално ниво ке ја помнам како година на континуиран притисок и блокада на Куманово со примерите на финансиските блокади, нередовна и нецелосна исплата на средства на локалната самоуправа. Одржан голем број на седници на Советот, жестоки дебати, вонредни седници и дефинитивно развој на локалната демократија. На државно ниво 2014 ке ја помнам како година на невиден изборен грабеж, злоупотреба на државни органи во политички цели, двоен аршин кон домашното и странско стопанство што резултира со колапс на економијата. Регионално дефинитивно ке ја помниме по катастрофалните поплави кои што ги зафатија нашите соседи и братски народи. Најголемиот подвиг на нашите сограѓани беше покажаната солидарност и подготвеност да се помогне на различен начин на што сите ние се чувствуваме горди. 2015 нека ни е честита на сите со желба за поголема транспарентност и отчетност на политичарите и промени за поубав живот, да си ја сочуваме државата и разубавиме градот.

    Ивана Арсеновска, советник од ВМРО - ДПМНЕ

    Годината што полека заминува ќе ја паметам по многу убави моменти поминати со семејството и пријателите. На професионален план ќе ја паметам по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и на централно ниво. Новата година ќе ја дочекам во домашна атмосфера со семејството. Во новата 2015-та се надевам на повеќе среќа и да ми биде плодна и со многу убави случувања како 2014-та. Воедно оваа прилика ќе ја искористам на сите да им посакам среќни Новогодишни и Божиќни празници, нека 2015 им биде исполнета со многу здравје, љубов и благосостојба.