Кај кумановец најдена марихуана
27.05.2013 14:40
| KumanovoNews
При претрес во домот на Н.Д.(26) од Куманово полицијата пронашла 11,8 грама марихуана.

Пријавениот издржувал мерка “куќен притвор“ и во неговиот дом пред шест дена се најдени 11,8 грама наркотична дрога марихуана.
Н.Д. ќе одговара за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.