Кај младите кумановци расте интересот за фолклор
Младите кумановци се заинтересирани за изучување на фолклорот и за таа цел се зачленуваат во фолклорните ансамбли во градот.

На последниот упис културно - уметничкото друштво „Панче Пешев“ запишало 60 нови членови. Тие работат распоредени во две групи до 5 и од 5 до 8 одделение, а дополнително и на пробите доаѓаат други деца кои покажуваат интерес за народните игри и песни.
„Децата со еден добар интерес, со жар доаѓаат, играат. За фолклорот има интерес, но треба да се обезбедат и добри услови. Кога тие деца ќе дојдат треба да биде топло, да ги цениш, да доаѓаат два пати неделно и добро е тие деца да го научат фолклорот. Мотив им е да настапуваат. Ако не настапува нема ни да игра. Се трудиме младите на концерти да ги вклучиме. Ако не го презентира она што го научило ќе се губи интерес. Навистина има интерес, меѓутоа мора надлежните да се ангажираат да створат подобри услови“-вели Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на друштвото.
Оваа година „Панче Пешев“ ќе го одбележи јубилејот 90 години постоење, на ниво како што доликува на еден ансамбал со традиција.