Како да се заштитиме од студот?
За наредните денови се најавуваат екстремно ниски температури, па лекарите советуваат граѓаните да се заштитат од студот со топла облека и обувки.

Се препорачува граѓаните да пијат топли напитоци и да не прескокнуваат оброци бидејќи храната ја одржува температурата на телото.
“Во случај на екстремно ниски температури треба да се избегнува физичка активност на отворено. Користете топла повеќеслојна облека и обувки соодветни за на снег и мраз. Постарите лица и бебињата треба да седат на топло, а хронично болните да ја земаат редовната терапија препишана од матичен лекар“ - советуваат лекарите.
Внатрешната минимална температура на вакво студено време треба да биде 20 Целзиусови степени.