×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каква болест е КОВИД-19?

    23.03.2020 10:30 | KumanovoNews

     Овој вирус се појавува како како член на семејството на коронавируси,  кој досега го немаме сретнато. Како и другите коронавируси тој се пренесува од животните на луѓето. Негова карактеристика е брзото ширење.

    Каква болест е КОВИД-19?

    - Кои се симптомите коишто ги предизвикува овој вирус?

    Според податоците со кои располага Светската здравствена организација тоа се треска, замор и сува кашлица. А пак некои пациенти може да имаат и течење на носот, болки во грлото или дијареа. Според податоците,околу 80 отсто имаат блага клиничка слика, а според СЗО еден од шест луѓе може да доживее посериозна клиничка слика. Најранливата категорија на граѓаните е повозрасната категорија која има проблеми со покачен крвен притисок, проблеми со срцето или дијабетесот или пак хронични респираторни состојби.

    Во Велика Британија, според Националната здравствена служба спрецифичните симптоми се: висока температура-чувствувате топлина на градите или грбот како и континуирана кашлица.

    Засега закрепнувањето е зависно од јачината на имунолошиот систем.

    - Зошто овој вирус е полош од вообичаениот грип и зошто се загрижеи експертите?

    За сезонскиот грип се смета дека стапката на смртност кај младите се движи околу 1 отсто,  а кај постарите околу 3 отсто, додека пак за коронавирусот се смета дека има стапка на смртност десетпати поголема од сезонскиот грип.