Канцеларија на Фонд за здравство во Липково
02.06.2014 11:33
| KumanovoNews
Во просториите на Центар за јавно здравје Липково од неодамна работи истурена канцеларија на Фондот за здравствено осигурување.

На шалтерите на ФЗО во Липково може да се врши пријава и одјава на здравствено осигурување, прием на барања за издавање на електронска здравствена картичка и проверка на статус на истата, пререгистрација на неосигурени лица, пријава и одјава на избрани лекари и друго.
Канцеларијата на ФЗО во Општина Липково ќе им овозможи на 30.000 луѓе без да губат време и да патуваат до Куманово да ги остварат своите права.