×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Караванот на “Фискална во рака“ во Куманово

    17.06.2014 12:29 | KumanovoNews

     Караванот на наградната игра “Фискална во рака - награда без мака“ на Државна лотарија денеска беше во Куманово.

    Караванот на “Фискална во рака“ во Куманово

    Над 500 граѓани ги посетија просториите на лотарија спроти Фондот за здравство и оставија пликоа за наградната игра.

      - Пуштив 13 пликоа и се надевам да добиеме нешто, ако имаме среќа. Не се откажуваме, ќе играме и понатаму. Пликоата се на мое и на име на внуците. Секаде каде пазарувам барам фискална. Играм од почеток, но сега пратив најмногу пликоа - вели Дарка Китановска, граѓанин.

    Граѓаните велат дека откако стартуваше наградната игра сите членови од семејството се трудат да соберат што повеќе фискални сметки.

      - Во кујна имаме фиока посебно за фискални сметки. Собирам јас, сопругот, синот. Сакам да ми се падне ваучер за бела техника бидејќи тоа ми фали. Досега праќав по 3 - 4 пликоа, а сега пуштив 10. Во претходните кола немавме среќа, но се надеваме понатаму барем еден ваучер ако не повеќе да земеме - рече Јулијана Костадиновска, граѓанин.

    На извлекувањето на 30 јуни ќе се додели стан, дуќан и други вредни награди. Караванот на  “Фискална во рака - награда без мака“ денеска беше во посета и на Крива Паланка и Кратово.