Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Карванот на Друштвото на писатели на Македонија синоќа го посети Куманово.
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ со свои творби се претставија 18 автори. Пред кумановци поезија читаа Санде Стојчевски, Виолета Златева Танчева, Борче Панов, Бранко Цветковски, Сеида Бегановиќ, Стојан Тарапуза, Ефтим Клетников, Трајче Кацаров и други.
“Вечерва имавме можност да присуствуваме на поетско читање што го приредија членовите на ДПМ. За нас особено значајно е што карванот на ДПМ се вклопува во одбележувањето на нашиот јубилеј, 70 години од постоњето„-изјави Нада Ивановска, директорка на библиотеката “Тане Георгиевски“.
До крајот на месецов остануваат уште неколку културни активности за одбележување на 70 години постоење на библиотеката.