Католиците денеска го слават Божиќ
Според католичкиот календар, денеска е Божик - Денот на раѓањето Христово.

Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. 13 дена подоцна, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават Македонската, Руската и Српската православна црква, Руската загранична црква, Ерусалимската патријаршија и Света Гора.
Претседателот на Хрватската заедница во Македонија огранок Куманово, Иван Шеркиниќ вели дека пред 4 години имаше капела во населба Гоце Делчев, а сега е преместена кај Стар Палас. Тој се надева дека ќе се изгради католичка црква во градот, која ќе придонесе за исполнување на верските обичаи и дружење.
За сите граѓани кои денеска го слават Божиќ е една голема радост за нив, семејствата, кога се слави раѓањето на Исус, тоа е еден од најголемите празници во христијанството. За Бадник односно на 24-ти декември е посна трпеза, потоа се оди на полноќна миса која е наменета за раѓањето на Исус, и почнува на полноќ, се кити елка, меѓусебно се даруваат подароци и тоа е. На самиот Божиќ се прави повторно миса, тој денес се оди на гости, обично помлади кај повозрасните, се прави божиќен ручек и се поминува во една радост - рече тој.
Согласно Законот за празници, денешниот ден е неработен за верниците од католичка вероисповед.