Казнети 99 кумановци, не носеле заштитни маски
08.03.2021 14:01
| KumanovoNews
Со парична казна од 10 или 20 евра се соочиле 99 кумановци, затоа што не носеле заштитни маски на јавен простор.

Според статистиката на МВР во периодот од 07.03/08.03.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на СВР Куманово 134 лица не ја почитувалe. Од нив во Куманово 99, во Крива Паланка 17 и во Кратово 18. За сите ќе следуваат соодветни мерки.