Казнети возачи заради брзо возење
16.09.2014 08:59
| KumanovoNews
18 возачи на автомобили на подрачје на Куманово се казнети поради брзо возење во сообраќајната контрола пријавена од граѓаните.
“Од почеток на проектот “Предложете сообраќајна контрола” пристигнати се 9 барања за контроли на подрачјето на СВР Куманово. По поголем дел од нив веќе е постапено при што се преземени 19 мерки “ - вели Марија Јаковлеска од одделение за односи во МВР.
Еден возач е казнет поради непрописно паркирање и се издадени 18 платни налози заради пречекорување на дозволената брзина на движење во населени места.
На интернет страницата на МВР граѓаните можат преку банерот “Пријави сообраќајна контрола“ да побараат контрола или интервенција од полицијата на одредена локација.