Кејот се распаѓа - надлежните имаат други приоритети
Коритото и пешачката патека на кејот на реката Кумановка се распаѓа. Оштетени се дел од бекатон плочките, а големи отворени дупки претставуваат опасност за шетачите.

Граѓаните реагираат поради тоа што никој не го одржува Кејот и бараат надлежните да преземат мерки пред целосно да се распадне уреденото корито и плочникот.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски вели дека сега имаат други приоритети, а во текот на пролетта оштетувањата на кејот ќе бидат поправени.
Комуналната инфраструктура, тоа е патеката и тие плочки, кои се на некој начин еродирани, имаме проект за санација на плочките. Тоа ќе биде во помал обем. Едно време се размислуваше да има комплетно реконструкција, бидејќи таму имаме една позиција каде поголем процент од тој насип, е многу тешко да се санира во одржување, би требало една бетонска плоча, да се става асфалтна стаза - рече градоначалникот.
И додека коритото да се најде на приоритетната листа, постои можност надојдените води да предизвикаат поголеми оштетувања и целосно да се уништи патеката за рекреација на граѓаните.