×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кичевски дистрибутер на кафе оштетил фирма од Отља

    03.02.2016 09:42 | KumanovoNews

    Р.Л.(58) од Кичево, дистрибутер на кафе, апарати за кафе и други предмети оштетил фирма од липковското село Отља.

    Кичевски дистрибутер на кафе оштетил фирма од Отља

    Тој во фирмата „Еспрессокаффе“ во ноември во 2012 година бил задолжен со испратници, со што производите ги дистрибуирал низ Македонија и направил долг. Вратил 10.000 евра, а нотарски договор склучил за враќање на 71.850 евра. Договорот бил осигуран со извршување на недвижен имот, доколку парите не ги врати во предвидениот рок. Р.Л. за да го избегне извршувањето ги пријавил лицата А.А. и И.А. за измама и посебни случаи на фалсификување на  службена исправа, а нотарот А.Р. го пријавил за несовесно работење во службата. Во ноември 2015 година Р.Л. со договор за дар го отуѓил својот имот, со што фирмата ја оштетил за 71.850 евра.

    Против него се поднесени кривични пријави за лажно пријавување на кривично дело и оштетување  туѓи предмети.