×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се формира одбор за поставување на спомен обележја - Левица бара споменик на бранителите, ДУИ на ОНА

    08.06.2023 08:48 | Оливера Пешевска

    Советот на Општина Куманово донесе одлука да формира одбор за изработка на програма за подигање на спомен-обележја во Куманово. Задачата на овој одбор ќе биде да разгледува и одлучува кои истакнати личности и важни настани треба да добијат споменик или манифестација во градот.  

    Ќе се формира одбор за поставување на спомен обележја - Левица бара споменик на бранителите, ДУИ на ОНА

    Иницијативата беше поднесена од советникот на Левица Никола Лазаревски, која ја поддржа владејачкото мнозинство со 15 гласа,  6 беа против и 7 гласаа воздржано.

    Оваа точка предизвика бурна расправа на седницата поради различно толкување, бидејќи пред две седници советникот Лазаревски побара да се изгради споменик на полицајците кои загинаа во воениот конфликт во Диво Насеље.  Тоа ги мотивираше советниците на ДУИ да побараат поставување на споменик на придниците на ОНА. 

    Елена Доцевска - Божиновска, координаторка на советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека на седницата не се носи одлука за изградба на споменик, туку само се формира одбор кој понатаму ќе има задача да ги разгледува поднесените предлози од советниците.

    „Согласно постоечкиот закон одборот треба да состави програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја, и има голема разлика во терминологијата. Таква програма треба да се донесува на секои 5 години и за мене е погрешно што таа досега не е донесена. Си има дефинирано како се води таа постапка, ќе има иницијатива, ќе има предлози, па ќе се аргументираат тие предлози и на крај ќе се одлучи што ќе се прифати“, истакна Доцевска - Божиновска.

    Претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска дообјасни дека секој советник ќе има право да предложи личност за која смета дека има заслуги, независно од која област припаѓа, дали е писател или спортист, но дали ќе се прифати предлогот ќе одлучува Советот.

    „За донесување на конечна одлука ќе биде потребно двотретинско мнозинство по Бадентер, па никој не мора да биде загрижен дека се промовираат настани на едни, а се потценуваат предлозите на другите етнички заедници “, истакна Ѓорѓиевска.

    Дел од советниците се спротивставија на одлуката, бидејќи сметаат дека граѓаните на Куманово имаат сериозни проблеми со снабдување со водата за пиење, со фекална и атмосферска канализација, во многу населби нема тротоари, асфалт и елементарни услови за нормален живот.  Затоа ги повикаа колегите да се насочат кон решевање на реалните проблеми на граѓаните наместо да ги подгреваат меѓуетничките односи, бидејќи предлозите за изградба на спомен обележја се погрешни и јалово трошење на време и пари од буџетот на Општина Куманово.

    И од предходните состави на Советот и градоначалници имало иницијативи за поставување на споменик на загинатите припадници на македонските безбедносни сили, но никогаш не се постигна политички договор.