Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На последната седница на Советот на Општина Куманово, беше усвоена иницијативата за изработка на физибилити студија, заради основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, поднесена од советникот на Левица, Никола Лазаревски.
„Со формирање ЈП за производство и трговија на електрична енергија се отвора можност општината да остварува приходи од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на ЈП, да се остварува финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите на жителите на општина Куманово“, соопштуваат од Левица.
Од партијата додаваат дека прва обврска на новото јавно претпријатие е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации во општина Куманово, во втората фаза би инвестирало во производствени капацитети за електрична енергија на поволни локации надвор од границите на општината и во последната фаза на развој ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, како и други потрошувачи.
Усвојување на иницијативата е најефикасно и најефективно решение за справување со енергетска криза, сметаат од Левица.