Кои се најчестите имиња на децата во градот
Сара, Матеј, Лука, Софија, Јана се само дел од имиња кои последниве години родителите им ги даваат на своите деца во Куманово.

Според податоците на Државниот завод за статистика во нашиот регион има 708 Сари, името Лука го носат 370 деца, 381 дете се вика Матеј, Софија 160 и Јана 103 девојчиња.
Родителите и најблиските најчесто се одлучуваат за традиционално или модерно име за својот нов член во семејството. Ако се почитува традицијата тогаш бебето може да добие име по бабите и дедовците, но сепак младите се повеќе сакаат да се во тренд и нивните деца да носат модерни и кратки имиња како што сега се актуелните: Теа, Уна, Миа, Нина, Мила, Лена.
На ниво на држава меѓу најзастапени имиња кои секогаш се во мода и ги носат луѓе од сите генерации се Александар и Марија.