×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кој го почитува Деловникот на Советот?

    16.03.2012 15:40 | KumanovoNews

     По вчерашниот вербален инцидент на Советот, денеска претседателот на Советот и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, продолжија со препукувања на прес конференции, и излегоа со меѓусебни обвинувања околу непочитување на Деловникот за работа на Советот.

    Кој го почитува Деловникот на Советот?

    Член 64 ја уредува процедурата во делот на реплики и контрареплики, но не би имало проблем ако господата од ДПМНЕ би ги читале актите целосно и до крај, и кога би стигнале до членот 148 ќе видат дека предлагачот на одлуката има право во текот на целиот претрес да дава образложенија, појаснувања и да изнесува свои мислења. Мене ми е јасно дека ДПМНЕ како опозиција во Општина Куманово нема да бира средства да дојде во позиција да го раководи овој град. Но фрустрацијата која ги води, очигледно не им дозволува да се едуцираат до крај, да ги читаат актите до крај, туку импровизираат, манипулираат, и на таков начин сите сме сведоци, максимум можат да стигнат до влезната врата на Општината, да одржат прес и ништо повеќе- изјави Виктор Цветковски.

     Да, точно е тоа дека ние од ВМРО-ДПМНЕ во Куманово сме веќе “пред вратата” на Општината, а на наредните локални избори и официјално ќе влеземе внатре, бидејќи на граѓанитена на Куманово им е преку глава од самоволието и недомаќинското работење на СДСМ и градоначалникот. Токму поради тоа е ваквото нервозно однесување на претседателот на Советот, кој веќе подолго време има двоен аршин во начинот на водење на седниците, а посебно во давањето простор за реплики и контрареплики и во однос на должината на дискусиите на советници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а посебно на градоначалникот. Деловникот е тој кој мора да се почитува и тоа подеднакво за сите, бидејќи сме тука да ги браниме интересите на граѓаните- изјави Бобан Николовски.