×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наутро и навечер воздухот во Куманово смрди, ги пече очите и тера на повраќање, инспекцијата испитува кој загадува

    02.06.2022 11:56 | Сузана Николиќ

    Веќе една недела граѓаните на Куманово во вечерните и утринските часови чувствуваат непријатна миризба, која ги пече очите и тера на повраќање. Загадувањето на воздухот почнува во попладневните часови, а кулминира околу 22 часот кога градот е обвиткан во густ чад со мирис на изгорена гума, особено населбите во пониските делови. Уште посилна миризба се чувствува наутро.

    Наутро и навечер воздухот во Куманово смрди, ги пече очите и тера на повраќање, инспекцијата испитува кој загадува

    Смрдеа има во сите делови на градот, бидејќи реагираат граѓани од населбите Гоце Делчев, Драган Стопаревиќ, Перо Чичо, Октомвриска револуција, Тоде Мендол, Карпош...

    „Има една недела како се случува нешто со воздухот во Куманово. Значи, некој испушта нешто на стемнување околу 19 часот и околу 5 часот наутро. Ова утро не можевме од дома да излеземе колку смрдеше. Тоа се прави само ноќе, дење ја нема таа миризба. Ова се случува со години наназад, некој свесно не труе. Едно време вака смрдеше од фабриката Кожара. Оваа миризба е одвратна, остар мирис, тера на повраќање, остава горчлив вкус во устата и пече по очите. Добиваш нагон на повраќање“, вели наша сограѓанка.

    Од Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово велат дека се запознаени со случајот и веќе работат на терен за откривање на загадувачите, но апелираат до граѓаните доколку видат некоја сомнителна активност или спалување на било каков отпад да пријават во инспекциските служби.

    „Ова е загадување е од поголеми размери, а постои можност и да не е од територијата на Општина Куманово, бидејќи ние немаме капацитети на тешка индустрија. Запознаен е и Државниот инспекторат и работи на откривање на причинителот. Во моментот ги чекаме резултатите од станицата за мерење на загаденоста за да ги видиме параметрите“, велат од Општина Куманово.

    Куманово со години наназад е на листата на градови со најзагаден воздух, но тоа е обично во текот на зимата.