×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кокино презентирано на археолошки саем во Италија

    07.11.2014 09:37 | KumanovoNews

    Мегалитската опсерваторија Кокино заедно со другите археолошки локалитети од Македонија неодамна беше презентирана на археолошки саем во Салерно, Италија.

    Кокино презентирано на археолошки саем во Италија

    Италијанците се запознале со одликите на Кокино и покажале интерес да го посетат.

    “Тур оператори од Италија сакаат да се поврзат со македонски туристички агенции и да носат италијански туристи на Кокино. На саемот покрај обични граѓани имаше и многу историчари, археолози. Некои веќе знаеја за Кокино, а некои прв пат слушнаа дека во Македонија има таква мегалитска опсерваторија. Ние им поделивме брошури, публикации “Македонија вечна“ каде можат да се информираат за нашите цркви, манастири, локалитети“ - велат од Управата за заштита на културното наследство.

     На археолошкиот саем во Италија, 20 земји од светот се претставија со своето културно наследство.