Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението „Коледари“ денеска организираше прослава на Бадник на Градскиот плоштад во Куманово.
Овогодинешниов кум на прославата Драган Трајковски изрази надеж дека традицијата ќе пренесува од генерација на генерација.
„Ова, пред се е голема чест за мене од Здружението „Коледари“. На прославата се позитивни луѓе, насмеана атмосфера, мора да признаеме дека недостасуваат вакви настани, прослави и моменти. Ја користам можноста и денешниот ден и празникот утре да им го честитам на сите, да бидеме живи, здрави, среќни, задоволни и исполнети. На личен план очекувам се да биде како што беше изминатата година- семејно да сме си живи и здрави, сите на број. Останатото само ќе си дојде“, истакна Трајковски.
По осветување на славскиот колач во Соброниот храм „Свети Никола“, беше поделена кумовата погача, а на најсреќниот учесник во поворката му се падна паричка. На плоштадот за посетителите имаше овошје, грејана ракија, топол чај и осветени бадникови гранчиња, набрани од коледарите.
Специјални гости на прославата беа галичката музика - Маевци од Дебар.
Здружението „Коледари“ е активно преку целата година со учество на крводарителски акции, ликовни колонии и други хуманитарни манифестации. Сите активности ги финансираат од сопствени средства.