×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Коледари“ го прославија Бадник на плоштадот

    06.01.2015 13:01 | KumanovoNews

    Со музика, овошје, грејана ракија и бадникови гранчиња, членовите на здружението “Коледари“, денеска на Градскиот плоштад го прославија Бадник.

    “Коледари“ го прославија Бадник на плоштадот

    На прославата се приклучија и голем број на граѓани, кои се послужија од празничната трпеза и земаа бадникови гранчиња. За разлика од претходните години, годинава прославата на Бадник немаше кум.

    “Оваа година одлучивме да нема кум на веселбата. Убавината да не ја носи еден човек, туку сите да бидат кумови, сите граѓани на Куманово од православна вероисповест. Сите да бидат вклучени и да ја чувствуваат радоста на овој ден. Ние поделивме бадникови гранчиња симболично, да се знае дека се работи за Христовото раѓање. Бевме пред десетина дена кај манастирскиот комплекс Забел и набравме гранчиња“ - изјави Мирослав Доневски, претседател на “Коледари“.

    На прославата присуствуваше градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој ги поздрави активностите на “Коледари“, кои ги негуваат христијанските традиции, обичаи и празници.

    “Здружение на граѓани “Коледари“ работи на зачувување на традицијата почувајќи од коледарските прослави, Бадник и други манифестации кои го чинат разнолико живеењето во Куманово. “Коледари“ се иницијатори за градба на црквата “Архангел Михаил“ во населба Карпош и тоа е историско дело, по 100 години во градот да се подигне ново духовно светилиште“ - рече Дамјановски.

    “Коледари“ во текот на целата година се актуелни со низа настани и крводарителски акции кои ги организираат.