×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња во Колитско

    25.12.2024 13:51 | Оливера Пешевска

    Со берење на бадникови гранчиња во атарот на селото Колитско официјално започнаа подготвките за Бадник на Здружението „Коледари“ од Куманово.

    Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња во Колитско

    Ова е јубилејна 25 година како се организира прослава на празникот на платото пред Центарот за култура.

    Организаторите чекуваат голем одѕив од сограѓаните и годинава, а на подготовките сериозно се пристапува, како што приличи на еден јубилеј.

    „Ангажиравме зурли и тапани, музичари кои настапуваат на Галичка свадба. Сакавме со изворни, традиционални инструменти да го прославиме Бадник, но секогаш тука се присутни и нашите пријатели, изведувачи и групи од градот. Тогаш и ќе се поделат осветените бадникови гранчиња, а очекуваме се да помине во најдобра ред и пријатна и пријателска атмосфера како и секогаш до сега“, истакна Мирослав Доневски, претседател на здружението.

    Програмата предвидува собирање на поворката на 6 јануари во Касапски круг околу 10.30 часот, по што еден час подоцна, во 11.30 ќе се посети Соборниот храм „Свети Никола“. По завршување на црковните обреди забавата започнува на платото пред Центарот за култура на која се поканети сите заинтересирани граѓани и гости.

    За овогодишен кум на прославата е изберен Драган Трајковски, сопственик на ТА Импала.