×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски е осуден заради изнесени невистини, а не за искажан збор, тврди Костовски

    16.11.2023 16:03 | Сузана Николиќ

    Судницата е место каде што се докажува и потврдува дали има одговорност или не. И тоа исклучиво преку докази, не со инсинуации и претпоставки, вели пратеникот Мартин Костовски од СДСМ, откако по негова тужба за клевета, осуден е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој сега обвинува дека пресудата е незаконска и неуставна и бара одговорност од судијата кој ја донесе.

    Петрушевски е осуден заради изнесени невистини, а не за искажан збор, тврди Костовски

    Костовски вели дека Петрушевски не се појавил на судењето во Основен суд Куманово, ниту пак му се извинил за искажаните клевети, кои многу го повредиле.

    „Лага е дека пресудата е поради искажано критичко мислење или збор, туку се работи за тврдења кои не се точни. Петрушевски ги пречекори членовите 8 и 10 од Законот за граѓанска одговорност, со намера да наштети на честа и угледот на трето лице, изнесувајќи невистини кои знае или бил должен да зне дека не се вистинити. Се работи за граѓанска, а не за кривична одговорност. Пратеникот не е искучен од граѓанска одговорност“, вели Костовски.

    Тој додава дека 120 пратеника не можат да бидат над законот и мора да внимаваат што ќе кажат од говорницата.

    Пратеникот Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ е осуден  со парична казна од 150 илјади денари затоа што од собраниска говорница упатил навреди и клевета кон Костовски од СДСМ.

    Тој од говорницата го обвинил Костовски дека зел канадски пасош за да се спаси од затвор, по објавувањето на закон без потпис и указ од претседателот на државата. Рекол и дека за да гласа за францускиот предлог, Бујар Османи ја вработил неговата сопруга во МНР,  како и дека ќе треба да докаже како со чиновничка плата од 50 до 60 илјади денари гради зграда во центарот на Куманово. Го обвинувал и дека земал пари за да вработува лица во градската администрација, како и дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го спасил откако со 1,47 примили алкохол во крвта нападнал двајца негови сограѓани.