Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Советот на Општината утринава се одржа комеморативна седница по повод смртта на советникот Радомир Каревски-Роко.
На комеморативната седница присуствува неговите најблиски, роднини, пријатели, советници, претставници од локалната самоуправа и боречката организација.
Сите ние овде собрани со длабока тага во срцата, со големата и болна вистина дека од нашите редови, ненадејно и тивко замина нашиот драг колега, пријател, соборец и прекален активист и борец Радомир Каревски. Советот на Општината ќе остане посиромашен за неговото огромно знаење, искуство и рационален пристап во решавањето на проблемите. Исто така посебно за нас помладите ќе недостасуваат неговите укажувања и совети да се биде употен и бескомпромисен кога е во прашање општествениот интерс и доброто на луѓето. Да се биде внимателен во пристапот кон етничките, верските и политички прашања за да не се повредат чувствата на неистомислениците- истакна претседавачот на Советот Виктор Цветковски.
Каревски е роден 1933 година во Куманово, а во текот на својот работен век бил претседател на Основниот суд Куманово, јавен обвините, претседател на СКМ-Куманово, претседател на Сојузот на борците, претседател на Сојузот на резервните воени старешини и активен учесник во општествено-политичкиот живот го градот.
Нанадејната смрт го затекна како советник на СДСМ во Општинскиот совет.