×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коментар: Овој 5 јуни нема да биде како минатите две децении

    20.04.2011 08:07 | KumanovoNews

    Само нека знајат сите, вклучително и староновите кандидати за водачи на народот, прочитани се за овие две децении празни ветувања и изневери. Свеста на народот созрева, бавно но сигурно зрее паметењето.

    Коментар: Овој 5 јуни нема да биде како минатите две децении

    За три дена во Кумановоњус прочитавме три колумни на тројца првенци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на локално ниво, чии позиции во нивните партии и во јавноста воопшто, имаат значајна тежина. На тоа згора, како ,,зачин‘‘ дојде изјавата од врвот - од премиерот Никола Груевски лично, кој завчера протрча меѓу народот од Ранковце до Долно Којнаре виа Куманово. Ламентациите во колумните на партиските кадровици, разбирливо, се на тема претстојните предвремени избори и на тоа која од двете партии има поголеми чувства за потребите на граѓаните и кој повеќе има сработено за развојот на Куманово. Шефот на Владата пак му тури уште ,,троа солца‘‘ на својот опсесивно намразен противник и го пушти по вода како завршена приказна на македонската политичка сцена. И сето ова само како увертира што во меморијата на граѓаните ќе трае ден два, ако допрва ни следуваат уште долга низа денови до 5 јуни во кои ќе се изнаслушаме еден милион слатки приказни да гласаме за нив, и уште толку црнила за ликот и делото на политичкиот противник кој ништо друго не работел додека бил на власт, туку само го крадел и го тормозел својот народ. А тој народ, кутриот, во вистинска смисла на зборот, е на големо дереџе. Секоја вечер на телевизиите познати фаци од политиката, но и некои нови, штотуку испилени ,,спасители‘‘ го бомбардираат со измислици на тема, колку му е арно или лошо, кој од нив евтино ќе му ја продаде кожата, ќе го обезими и обезличи, а кој ќе го изведе од ќорсокак и ќе го стави на достојно место од пиедесталот на народите во светот. Но, пред да се случи тоа, пред местото на пиедесталот, на народот му треба работа и леб. А се случи обратното. Прво што направија политичарите, не оствија без работа, не осиромашија, не уситнија по табори, ни подигнаа споменици, ни изградија огромни блескави супермаркети и удрија на сиот глас да не фарбаат дека не сме свесни колку убаво живееме. А тие се тука, како од Господа пратени пастири да не водат и да ни ги отвораат очите кој од нив е Св.Петар а кој Црниот Петко. Кој лаже и краде, а кој не‘  води кон светла иднина. Само нека знајат сите, вклучително и староновите кандидати за водачи на народот, прочитани се за овие две децении празни ветувања и изневери. Свеста на народот созрева, бавно но сигурно зрее паметењето. Та и овој 5 јуни сигурно нема да биде како оној во 2008 или како повеќето од 1991-та па наваму.

     Столе Божиновски