×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Компаниите го поддржуваат стручното образование, новите насоки ги дале очекуваните резултати

    30.01.2025 19:25 | KumanovoNews

    Во Куманово 67 приватни компании се одѕвале на анкетата за поддршка на проектот „Учи паметно, работи стручно“.

    Компаниите го поддржуваат стручното образование, новите насоки ги дале очекуваните резултати

    Резултатите и анализите од анкетата беа презентирани пред претставници на компаниите, директори на училиштата, наставниците и членови на стручните служби.

    „Компаниите кои беа опфатени се од сите струки, дури и од скоро воведени, нови насоки од минатата и предминатата учебна година. Компаниите си бараат и дополнителни струки кои сега за сега ги нема, најмногу се бараат градежни работници- фасадери и архитектонски техничари“, истакна Александар Јовановиќ, раководител на Сектор образование. 
    Анкетата е спроведена од 25 декември до 15 јануари, а со него се прави обид да се направи анализа за потребите на компаниите, со цел училиштата да побараат од МОН воведување на нови струки и профили, согласно потребите на пазарот на труд. Анализите покажуваат дека сите 67 анкетирани компании би се вклучиле и би соработувале со средните, стручни училишта во спроведување на практична настава за дуалното образование.

    Над 80 проценти од анкетираните соработувале со Регионалниот центар „Киро Бурназ“, 18 отсто со економското „Перо Наков“, 1,5 отсто со „Наце Буѓони“, 1 проценти со ниту едно училиште.

    Надлежните тврдат дека од 2021 досега ефектот е видлив, повеќе ученици го избираат стручното образование, дуалните паралелки затоа што им носат поголеми бенефиции, но паралелно со тоа се намалува бројот на ученици за општо, гимназиско образование.
    „Ние сме едно од училиштата кои воведовме нови струки, токму преку овој социјален дијалог, со партнерски компании, тоа се техничар за патен сообраќај и здравствена струка- фармацевстки техничар и дентален асистент. Минатата година имавме најголем интерес токму за овие две струки, како и за земјоделско- ветеринарна струка. Најмал интерес има за струките со тригодишно стручно образование. Соработуваме со околу 80 компании“, истакна Весна Трајковска, директорка на Регионалниот центар „Киро Бурназ“.

    Во средното стручно училиште „Перо Наков“ најголем интерес има за паралелките за техничар за трговија и дигитален маркетинг на македонски јазик и правен техничар- дуална паралелка на албански јазик. Од останатите насоки техничар за графички дизајн има најголем интерес, а според трендовите се очекува слична ситуација и ова година. Директорката Мила Жибак кажа дека соработуваат со повеќе од 100 компании.

    Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ формирана е наменска паралелка за потребите на погонот на Дрекслермаер“ во Куманово, и иако отпрвин немале доволно заинтересирани за паралелката сега е исполнета до последното место. Директорот Драган Јаневски потенцираше дека се во комуникација и преговори се со неколку големи компании како ЕВН, Окта и други за спроведување на практична настава за учениците.

    Дуалното образование се применува од 2021 година, а се однесува на паралелки со зголемен број на часови со практична настава. Тоа е проект на Министерството за образование и наука, во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.