×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Конкурс за избор на директор на Центарот за култура

    10.12.2015 12:22 | KumanovoNews

    Министерството за култура денеска распиша конкурс за избор на директор на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Конкурс за избор на директор на Центарот за култура

    Кандидатот, покрај општите и посебни услови кои се наведени во конкурсот, треба да достави своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2015-2019), во согласност со Законот за културата.  Конкурсот трае осум дена од објавувањето.

    Министерството за култура, согласно член 31-а од Законот за културата, со избраниот директор на националната установа по овој јавен оглас, ќе склучи менаџерски договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на Министерството за култура и директорот.

    Конкурсот е објавен по загинувањето на досегашниот директор Роберт Павлевски, кој чекаше реизбор на функцијата. Неофицијално, на Комитската вечер на која присуствуваше и министерката Елизабета Канчевска Милевска, на Павлевски му соопштила дека му го потпишала решението за третиот четворогодишен мандат да ја води установата.