Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Контејнери за одлагање на електронски и електричен отпад се поставени во училишата „Перо Наков“, „Наим Фрашери“, „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Истовремено ќе бидат поставени и 40 садови за собирање на стари батерии во сите образовни и јавни институции и установи во општина Куманово.
Проектот за селектирање на отпад, е резултат на потпишан меморандум за соработка на Општина Куманово со компанијата „Нула отпад“.
„Започнуваме со четири контејнери поставени во училиштата, но се надеваме дека во текот на 2025 ќе имаме поголем број на вакви контејнери и во други институции, кои ќе бидат достапни за граѓаните. Динамките на празнење ќе зависи од количините, одговорните лица ќе ја известуваат фирмата „Нула отпад“ кога да ги празни“, објаснува Александра Георгиевска Протиќ, од Одделението за животна средина.
Во електронски и електричен отпад спаѓаат стари и неисправни телевизори, печатари, компјутери, бела техника, мали апарати, мобилни и безжични телефони, фото и видео камери, акумулатори. За отпадот секое правно лице ќе добие документ со кој може да ги отпише средствата што се вон употреба.
Се повикуваат и сите приватни компании и фирми да се приклучат кон селектирање на ваквиот отпад.
Меморандумот за соработка е резултат на кампањата „Куманово мој зелен дом“, која има за цел подигање на свеста на граѓаните во одржување и заштита на здрава и чиста животна средина.