Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Корисниците во Дневниот центар “Порака наша“ со помош на волонтерот Демир Исмaилов од ДРОМ, учат да кројат и шијат на машина.
Од стари парчиња облека веќе изработиле десетина торби, а планираат да дизајнираат и фустани. Стекнувајќи нови вештини, лицата со попреченост ќе можат побрзо и полесно да се осамостојат.
“Првата колекција ја нарекуваме “весела колекција“, тоа ќе биде серија на торби и една серија на фустани. Планираме и изработка на накит, и една комплетна колекција на гардероба. На нашата фејсбук страна ќе биде објавено каде ќе се одржи нашата продажна изложба, и сите соберени средства како и досега ќе бидат користени за потребите на Дневниот центар. Обично купуваме храна со собраните средства или материјали за работа“-изјави Мартина Костовска, психолог во “Порака наша“.
На корисниците на “Порака наша“ денот им е исполнет со обврски. Сами си подготвуваат оброци, а имаат и своја градина каде произведуваат зеленчук.
“Имаме пиперки, домати, лукче, кромид, такви работи. Ќе отидеме во градината, ќе скинеме свеж плод, ќе го употребиме во ручекот. На почетокот заедно учевме, но сега е втора или трета година како заеднички се грижиме за неа“- рече Дејан Стојановски, педагог.
Во “Порака наша“ има дваесетина корисници, но поради годишните одмори, бројката е намалена.