Мени

Косовска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“

09.10.2015 07:47 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, Евробалкан Институт од Приштина, Косово ќе ја изведе претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“.

Косовска претстава на „Денови на комедија Куманово 2015“

Текстот е на Миро Гавран, а  режијата е на Севдије Ајети. Во комедијата настапуваат актерите Бислим Мучај, Зета Бахтири, Дукаѓин Подримај и Семира Љатифи. До завршувањето на театарскиот фестивал „Денови на комедија Куманово 2015“, публиката ќе може да погледне уште седум комедии.