Козметика запленетa на Табановце
На граничниот премин Табановце, откриени се стоматолошки бургии и козметика во два одделни случаи.

При контрола на српски автобус, што сообраќал на релација Белград – Скопје, пријавен за влез во државата откриени 680 стомоталошки бургии. Непријавената стока била скриена во кеса сместена под првите седишта во автобусот.
Во вториот случај цариниците заплениле 45 дезодоранси, тоалетни води и сенки за очи. Тие биле во македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце - автопат. Нецаринетата стока била пронајдена во багажниот простор, на задните седишта, помеѓу предните и задните седишта и под совозачкото седиште на возилото.