Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против П.М.(59) од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 31. јануари во Куманово, пријавениот довел во заблуда 64-годишна жена дека нејзината ќерка усмртила мигрант и за да ја ослободат побарал одреден износ на пари, при што ја оштетил за 30.000 евра.
„Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти тогаш полицијата.
Бугарскиот државјанин беше уапсен минатата недела.