Кривична пријава за кумановец во акцијата “Гора“
Во рамки на акцијата “Гора“, кривична пријава заработи и кумановец, кој заедно со шест лица се фатени во кражба на дрва.

Се работи за С.С.(32) од Куманово, кој се гони за кражба и фалсификување или уништување деловни книги и С.М.(27) од Скопје за помагање во кражба и фалсификување или уништување деловни книги. С.С. управител на фирма од село Гошинце, откако претходно присвоил безправно исечено дрво од туѓа шума од 9.70 метри кубни, со намера да изврши легален превоз од неговиот склад за дрва во Гошинце до наводен купувач од општина Бутел, Скопје. Дрвата со С.М. ги натовариле во камион Мерцедес и додале уште 4 метра кубни буково дрво жигосани со број на жиг што С.С. предходно легално ги набавил. Со намера да го замаскираат незаконското дејствие С.С. во својство на управител изготвил и со свој потпис и печат на правното лице и ја заверил испратницата за превоз на огревно дрво. Во неа внел невистинити податоци дека наводно траспортира дрвна маса во количина од 13 м3, а не 13,7 м3 колку што било натоварено и дека најмалку 80% од дрвото е жигосена со жиг, наводно издадена за сметка на Одобрение за сеча под број кој се однесува на одобрение за сеча кое всушност правното лице „Форест Инженеринг“ предходно му го издало на друго лице. Дури како возач на возилото со кое се врши транспорт навел друго лице иако знаел дека возач на возилото е С.М. Така изготвената испратница со невистинети податоци истиот ден му ја дал на второпријавениот, кој се упатил кон Скопје за да изврши превоз на дрвата и предметната испратница ја употребил како вистинита при вршење на рутинска контрола на возилото на улица „Бутелска“ во Скопје од страна на полициските службеници од ЕБПС.
Пријавените со овие незаконски дејствија предизвикале штета од 67.900 денари.