Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривични пријави против А.Ј.(64) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела лихварство и насилство.
Искористувајќи ја тешката состојба на Д.Р.(65) од Куманово, управител на “Трик - Трак“ во 2013 година склучил договор за заем од 49.500 долари со камата од 1.8 отсто месечно на неопределен рок за враќање. Во септември истата година несразмерно ја зголемил каматата на 6 отсто, по што Д.Р. не можел да ја враќа и за порамнување го натерал кај нотар да направат договор со кој му отстапува пола од куќата. Во април 2015 година имотот бил продаден на синот на лихварот и долгот бил отплатен. Во октомври годинава околу 17.30 часот, лихварот дошол во домот на оштетениот и прво се карал со него, а потоа и го тепал барајќи му камата од 6 отсто која наводно му ја должел.