×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kривична пријава за службеничка во МВР поради несовесно работење

    19.02.2025 16:10 | KumanovoNews

    МВР до надлежното Основно јавно обвинителство (OJO) Куманово, поднесе кривична пријава против референтка за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело несовесно работење во службата, по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

    Kривична пријава за службеничка во МВР поради несовесно работење

    Пријавената на 10. мај 2024  година на шалтерот на МВР во технички преглед во Куманово, без да ја запази процедурата за продолжување на регистрација на возило, извршила продолжување на регистрација и издала сообраќајна дозвола за товарно моторно возило, кое истиот ден во 13 часот било сопрено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово и со потврда за привремено одземени предмети било одземено поради истечена важност на сообраќајната дозвола од 28. Декември 2022 година.

    „Пријавената извршила продолжување на важноста на сообраќајната дозвола и промена на регистарски ознаки на товарното моторно возило и покрај тоа што возилото не ги поминало потребните проверки за исправност  во станицата за технички преглед, затоа што претходно било одземено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово, со што на лице од Куманово му овозможила да се стекне со продолжување на сообраќајната дозвола спротивно на прописите за регистрација на моторни возила, воедно доведувајќи го и во поволна позиција во врска со понатамошниот исход од прекршочната постапка пред надлежен орган по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен сообраќаен прекршок поради управување на возило со помината важност на сообраќајната дозвола“, соопшти МВР.

    Пријавената постапила несовесно и во делот на евидентирање на горенаведените дејствија  со тоа што неуредно  ги водела  службените евиденции  и списи,  што резултирало  со тоа  да го снема службеното досие за продолжување  и промена на сообраќајната дозвола за предметното возило. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место- суспензија до завршување на дисциплинската постапка.