Мени

Кривична пријава за предизвикување омраза против лицата кои испишаа графити на „Српски вез“

17.08.2026 12:15 | KumanovoNews

Кривична пријава заработија две лица, од кои едното е малолетен австриски државјанин, поради испишување графити со навредлива содржина на просториите на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово.

Кривична пријава за предизвикување омраза против лицата кои испишаа графити на „Српски вез“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н. (18) од Куманово и 16-годишен малолетник од Република Австрија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.

Според пријавеното, на 26 јули, на објектот на Центарот за култура во Куманово, во кој е сместено Културно-уметничкото друштво „Српски вез“, двајцата испишале графит „УЧК“ и ја исчкртале таблата со името на друштвото, која се обиделе да откорнат.

Од СВР Куманово информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

По инцидентот беше објавено видео на кое се гледа како две лица пристигнуваат со автомобил пред зградата, излегуваат од возилото и го оштетуваат ѕидот на просториите.