Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Царинската управа поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори- три кривични пријави, против три физички лица.
Пријава “заработи“ грчки државјанин, затоа што при контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, со кој се пријавил на излез од Македонија на граничен премин Табановце, извршена на 6 јули 2015 година се пронајдени 12 семки од марихуана. Семките се пронајдени во предниот дел од возилото, поточно во наслонот за рака помеѓу двете предни седишта, сместени во метална кутија за цигари. По извршеното вештачење на семенскиот материјал добиен е наод и мислење според кое со засадување на семките може да се развие растението канабис.
Во вториот случај кај грчки државјанин, при претрес на грчки автомобил, со кој управувал споменатиот на 11 јули годинава на Табановце на излез од државата, во фабричката пластика во багажниот простор се пронајдени 0,49 грама марихуана.
Во третиот случај полски државјанин, кој бил сопатник во возило со чешки таблички е пронајдена 1,49 гр марихуана, сокриена во розево кутвче во џебот од пантолоните. Претресот е извршен на кој на 21 јули 2015 година на граничниот премин Табановце излез од државата.