Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство (ОJO) Куманово поднесе кривична пријава против три лица под сомнение дека сториле кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Проневера во службата„ и „Несовесно работење во службата“, бидејќи предизвикале штета од 360.000 евра.
Според соопштението на Финсиската полиција, првопријавен е Д.П. управител на „Пин Петрол“ Куманово, второпријавена е Г.С.П. службеничка во АД за поштенски сообраќај Пошта, а третопријавена е Н.С. службеничка во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
"Првопријавениот Д.П. како одговорно лице во „Пин Петрол“, кое врши работи од јавен интерес согласно Законот за возила, иако бил свесен дека не се врши редовна и перманентна уплата на парични средства по основ на надоместок за јавни патишта кон ЈПДП, согласно месечните извештаи за ставки од регистрација според вид и подкатегорија на возила, ја злоупотребил својата службена положба и овластување за извршување работи за наплата на надоместокот за употреба на јавните патишта (патна такса), а за кое „Пин Петрол“ има добиено овластување од МВР да врши технички преглед на возила, на начин што спротивно на обврските од договорот не извршил контрола и не преземал никакви мерки и дејствија за реална уплата кон јавното претпријатие за период од 01.август 2019 до 30.септември 2024 година.
Второпријавената Г.С.П. службено лице, во АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија, пошта Куманово со “Пин Петрол“, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, наплатените парични средства од правни и физички лица на име надоместок за јавни патишта, ги присвоила за себе, наместо да ги уплати на сметката на ЈПДП преку поштата. Таа била должна согласно договорот за вработување во „Пин Петрол“ и договорот за извршување работи за наплата на патна такса на начин што второпријавената извршила фалсификување на налози за уплата, со цел на дознака Фонд на патишта кои се регистрирани во системот за наплата на АД Пошта под ист референтен број за две различни лица кои извршиле уплата, и со тоа предизвикала штета на буџетот на ЈПДП.
Третопријавената Н.С. во својство на службено лице во ЈПДП, постапила несовесно при вршењето на своите овластувања и должности затоа што пропуштила должна контрола и надзор на разликата помеѓу приливите од станицата за технички преглед “Пин Петрол“ Куманово по основ патна такса и покрај тоа што на увид ги имала месечните извештаи од Станицата за технички преглед каде е наведено колкав износ по горенаведениот основ е наплатен од нивна страна, со што предизвикала штета на буџетот на ЈПДП.
Со горенаведените дејствија, пријавените предизвикале штета на буџетот на ЈПДП во вкупен износ од 22.294.343,00 денари“, стои во соопштението на Финансиската полиција.