×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Пензионерите обвинуваат за ненаменско трошење на чланарината и бараат таа да биде на доброволна основа (видео)

    22.08.2023 14:34 | Жаклина Цветковска

    На денешниот протест на кој учествуваа поголем број кривопаланечките пензионери предводени од Иницијативниот одбор беа  поддржани генералните барања за покачување на пензиите и изнесени дополнителни барања.

    Меѓу другото беше истакнато  барањето на лицата кои  имаат работен стаж од 5-12 години , а им се одбивани придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, да им се доплати стажот од пензискиот фонд. По добивањето на право на пензија со 15 години да се повратат средствата по една третина од пензијата во Фондот.

    Пензионерите побараа и измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување, во делот „исплата  и оделување на чланарина“.

    „Сојузот на пензионери е невладина , непартиска организација која дозволува самоиницијативно членување во истата, како и самоиницијативно откажување кое досега не се дозволуваше. Сметаме дека кој сака може да членува, а ко не сака не мора, додека средствата од солидарниот фонд да си останат да се одбиваат“, истакна Борика Станоевска, претседателка на Иницијативниот одбор.

    На протестот пензионерите истакнаа дека се незадоволни од сегашното раководство за кое рекоа дека е нелегално избрано и дека парите од чланарина се трошат ненаменски, односно не се информирани за што се тршат.

    Тие најавија дека нивните барања ќе ги достават до Министерството за труд и социјална политика и до Фондот за пензиско и инвалидство осигурување, а истовремено побараа оставки од министерката за труд и социјална политика и од претседателката на Сојузот на  здруженијата на пензионери на Македонија.

    Од раководството на кривопаланечкото здружение, пак, рекоа  дека минатата недела и тие биле дел од протестите и дека генерално ги поддржуваат барањата за зголемување на пензиите, но не и начинот на нивното решавање како што предлага Иницијативниот одбор.

    „Даваме поддршка на барањата, но сметаме дека решенијата треба да се бараат во институциите на системот, а не на улица. Инаку, избрани сме сосема легално, според статутот, додека барањето за укинување на чланарината ќе доведе до згаснување на пензионерските здруженија кои од овие средства ги финансираат активностите за нивните членови“, вели Трајче Давидовски, претседател на Здружението на пензионери од Крива Паланка.

    Иницијативниот одбор ги повика пензионерите да присуствуваат на протестот на 20 септември во Скопје, на Денот на пензионерите.

    Пензионерите обвинуваат за ненаменско трошење на чланарината и бараат таа да биде на доброволна основа (видео)