Мени

Крводарителска акција во економското училиште

28.11.2012 09:22 | KumanovoNews

 Во економското училиште “Перо Наков“ утре од 13 до 17 часот ќе се оддржи крводарителска акција.

Крводарителска акција во економското училиште

 На оваа традиционална акција крв ќе даруваат учениците и наставниците. Во средните училишта Црвен Крст Куманово два пати годишно организира крводарителски акции. Следниот четврток крв ќе даруваат и учениците од земјоделското училиште “Биро Бурназ“.