×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Култната претстава „Game over“, по повод Светскиот ден на театарот

    27.03.2020 14:14 | KumanovoNews

    Театар Куманово, денеска, по повод Светскиот ден на театар  (27 март), на својот јутуб канал бесплатно ќе ја постави култната престава „Game over“, чија прва премиера беше во јануари 1993 година.

    Култната претстава „Game over“, по повод Светскиот ден на театарот

    Преставата „Game Over“ e работена според текстот „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, а музиката е на Венко Серафимов.

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, вели дека станува збор за култна претстава, во којашто ќе може да ужива и повозрасната публика.

    - Бидејќи не можеме да играме во театар, ќе ја пуштиме онлајн култната претстава „Game over“. Битно е да напоменеме дека тоа е прва модернистичка претстава во нашата држава којaшто има над 60 изведби на фестивали во Македонија и надвор од нашите граници. Апсолутен победник на Војдан Чернодрински во Прилеп 93-та година, најдобра претства во целина, од режија, актерско остварување, па сѐ до музика,-додава директорот Тодоровски.

    Актерската екипа е составена од актерите: Љубица Бојкович, Вера Ристовска, Горан Илиќ и Митко Апостоловски.