Мени

Кумановци донираат за настраданите во тетовско

12.08.2015 11:44 | KumanovoNews

Волонтери на Црвен Крст Куманово денеска пред маркетот Мусли и на Градскиот плоштад, на штандови собираа помош за настраданите во поплавите во тетовско.

Кумановци донираат за настраданите во тетовско

Граѓаните и утре од 11 до 13 часот на истите локации можат да донираат хигиенски средства, конзервирана храна, бебешки производи и парични средства.

Од Црвен Крст ги повикуваат граѓаните да се вклучат во акцијата за помош на поплавените семејства од тетовското село Шипковица, каде надојдените води од Пена однесоа и човечки животи.