×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци фатени со марихуана кај Никуштак

    26.10.2015 09:36 | KumanovoNews

    Тројца кумановци месецов во скопско Сингелиќ набавиле марихуана, по што полицијата ги запрела кај село Никуштак и тие дрогата со ќеса ја фрлиле надвор.

    Кумановци фатени со марихуана кај Никуштак

    Околу 20 октомври И.М.(29) со Д.П.(21) се договориле со Р.М.(19) да купат дрога од Сингелиќ, по што му се јавиле на Т.И.(31) за да ги превезе до населбата Ченто. Кога стигнале на паркинг плацот на маркет во Скопје, пристигнало непознато лице со автомобил со кое И.М. и Р.М. разговарале, по што Р.М. заминал со него, а другите останале да чекаат. По 15 минути Р.М. се вратил со најлонска ќеска, која му ја дал на И.М. На патот Куманово- Арачиново кај село Никуштак додека се движеле со автомобил “Шкода Фабија“  со кумановски таблички ги запрела полиција, по што И.М. ја фрлил ќесата од возилото, а тоа го забележале полицајците.

    Пријавените се приведени во СВР Куманово, по што во нивните домови се извршени претреси и кај Д.П. е најдена дробилка со непозната растителна материја. Со вештачење е утврдено дека се работи за 506.2 грама марихуана.

    Против И.М. , Д.П. и Т.И. се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а Р.М. за помагање.