×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци измамиле браќа за близу 40 илјади евра

    28.05.2013 14:03 | KumanovoNews

     С.С.(47) и неговиот пријател И.М.(37) од Куманово измамиле двајца браќа за 38.500 евра, откако им ветиле дека ќе им средат легализација на земјиште и ќе им продадат куќа.

    Кумановци измамиле браќа за близу 40 илјади евра

    С.С. на почетокот на 2011 година,  земал  4.000 евра од С.А.(32) од Куманово , ветувајќи дека ќе му среди легализација на државна парцела што ја користел како стовариште. Исто така, во март 2011 година на братот на С.А., И.А.(38), изманикот му понудил да му продаде недоизградена куќа во Куманово за 30.000 евра. И.А. во неколку наврати му дал 29.500 евра и му платил возило во вредност од 5.000 евра, кое го користел и второпријавениот. Во двата случаи ги измамиле браќата за 38.500 евра.

    СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. за сторено кривично дело „измама“ и против И.М.(37) за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“.