Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци не ги почитуваат препораките на лекарите да не излегуваат надвор во најтоплиот дел од денот, поради што е зголемен бројот на граѓани кои колабираат на отворено.
Лекарите од Итната медицинска помош кажуваат дека во изминатиот период имаат полни раце работа.
Имаме зголемен обем на работа за околу 50 проценти. Високите температури влијаат на здравјето на граѓаните, па има чести колабирања на отворено, зголемен е бројот на убоди од пчели и оси, повреди во сообраќајни несреќи и интервенции кај хроничните болни. Граѓаните не ги почитуваат препораките да излегуваат на отворено од 11 до 17 часот и затоа им се слошува. Имавме интервенција на улица, во банка, месарница, на бензинска пумпа- велат дежурните во Брза помош.
Лекарите велат дека поради жештината и здравите луѓе имаат проблеми со притисокот и вртоглавица, па затоа препорачуваат да не се излегува надвор без потреба, да се носи светла облека, да се внесува повеќе вода и да се избегнува мрсна храна.