×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци најчесто губат лични карти

    13.07.2013 09:38 | KumanovoNews

    Вкупно 990 граѓани од Куманово во текот на годината побарале да им се објават за неважечки-изгубени лични документи и патни исправи, во Службениот весник на Република Македонија.

    Кумановци најчесто губат лични карти

     Според статистиката на весникот, кумановци најмногу ги губат или оштетуваат своите лични карти. Во изминатите 6 месеци поднесени се 573 барања за изгубена лична карта,  181 за возачка дозвола, 156 граѓани останале без сообраќајни дозволи и 80 барања се поднесени за неважечки пасоши.

     Многу е важно да се напомене дека доколку уплатата се врши на банкарските шалтери, во било која банка во Куманово или во друг град во Македонија. Важно е на шалтерскиот работник да му се сугерира внесените податоци и од нивна страна да бидат уредно и целосно забележани. Се случува по извршена уплата да не е допишано во кој град живее лицето кое уплатува, па објавата да не може да се изврши - вели Јасна Саздовска, советник во Службен весник.

    Граѓаните за објавување можат да платат електронски на страната на оваа институција или лично на шалтерот во просториите на Службен весник на Република Македонија.