×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци очекуваат успех и просперитет во 2016 година

    01.01.2016 11:27 | KumanovoNews

     Кумановци во 2016 година очекуваат здравје, среќа, успех, просперитет во Куманово и државата.

    Кумановци очекуваат успех и просперитет во 2016 година

    Граѓаните кои ги анкетиравме се надеваат дека Новата година ќе биде подобра од старата.

    Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово

    На професионален план 2015 година не беше добра бидејќи имавме многу пожари. На личен план годината беше најнормална, без многу турбуленции и би сакал и следната да ми биде таква. Во 2016 година сакам да имаме што помалку работа, ќе биде корисно и за нас и за граѓаните, а на приватен план очекувам да бидам дедо, да добијам внуче од ќерка ми.

    Амшет Елезовски, Национален ромски центар

    На професионален план 2015 година беше успешна, а како граѓанин на Република Македонија, ќе ја паметам како година на разочараност, зголемување на сиромаштија, немаше напредок и развој во градот. Во однос на ромската популација имаше конфликти на граница, селективност, дискриминација и ништо на тој план не е подобрено. Ние сме град кој има печалбари, и наместо да направиме нешто тука, да има обрт на пари, да купуваме-продаваме, ние одиме во други градови и држави да купуваме, а тоа се наши пари. Во 2015 година покажавме дека не влегуваме во конфликти без разлика кој на која нација, вера припаѓа.  Во 2016 година очекувам здравје, среќа, љубов, хармонија во нашите семејства, и изборите во 2016 се надевам дека ќе бидат пресвртница за подобар живот. Догодина очекувам да не се иселуваат младите и да нема некои сериозни миграции.

    Валентина Мициќ, советник од СДСМ

    Оваа година беше турбулентна на политички план, бидејќи се занимавам со политика и очекувам во 2016 годиан да се реши кризата.  На личен и професионален план очекувам во 2016 година да биде подобро, да се стабилизира државата, да има работа за сите, подобар стандард, подобар живот, повисоки примања, да се подобри живеењето во секоја сфера.

    Христина Краиновиќ, советник од ВМРО-ДПМНЕ

    Оваа година на личен план и на работа помина стандардно. Советот работеше стандардно, го донесовме буџетот, следната година ќе имаме избори. Проблемите на граѓаните остануваат нерешени. Во 2016 година очекувам да биде подобро, да има просперитет, да има повеќе пари во буџетот и парите да се трошат за граѓаните.

    Фатмир Асани, претседател на Здружение на приватни лекари Куманово

    Оваа година беше скандалозна поради настаните во Куманово и „бомбите“ на Заев.  Ова беше тешка година. Во 2016 година очекувам да се почитува договорот од Пржино и Јанева да испита дали е вистина тоа што се спомнува во „бомбите“. Во 2015 година имаше и загадување во градовите и беше лоша година.

    Сања Богатиновска, активист на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“

    2015 година ќе ја паметам по тоа дека првите професионални успеси ги остварив, граѓанскиот сектор конечно го крена свој глас, по прво директно искуство со нешто што личи на војна, по многу научени лекции и по многу неочекувани пресврти во приватниот живот. Во 2016 година очекувам среќа, душевен спокој, љубов и  уште поголем професионален успех, а за Македонија  позитивни промени што ке придонесат да излеземе од оваа криза и да почнеме да одиме во насока на земја што е демократска, просперитетна и членка на ЕУ.

    Сузана Андоновиќ, новинар од радио Бум

    2015 ќе ја паметам само по убави работи. Сè она што беше лошо ќе се потрудам да го заборавам и сакам да упатам една порака до сите граѓани да ги помниме само убавите работи, да се држиме сите заедно во добро и лошо. Да бидеме хумани и да помагаме кога е потребно. Нашето малку некому многу ќе значи.  За новогодишните празници поради професионалните обврски ќе бидеме дома со најблиските. По Божиќ ќе отидеме малку на планина да се одмориме, бидејќи навистина многу напорно работевме преку целата година. Во 2016 година посакувам мир во светот, а на личен план, оваа година имаме матурант и единствената желба ни е да се запише на факултет кој си го сака. За син ми желбата е малку повеќе да учи и секако да бидат здрави и живи и среќни.