Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мал број кумановци се јавуваат на линијата “Ало докторе“ за да побараат лекарски совет.
Во просек по неколку кумановци дневно се јавуваат на бројот 15 123, за да се консултираат за своите здравствени проблеми, потврдуваат дежурните лекари.
“Куманово е меѓу градовите од каде имаме мал број јавувања. Штом ќе се јават ги познавам по говорот, а потоа прашувам дали се од Куманово. Се работи за повозрасни луѓе. Прашуваат за температура, дијареа, болки во кичма и слично. Им давам совети ако може да се помогне по телефон, ако не ги упатувам на лекар. Сепак, луѓето не треба да се “клукаат“ непотребно со антибиотици“ - вели дежурен лекар на линијата “Ало докторе“.
Голем интерес за линијата “Ало докторе“ има од граѓаните од Источна Македонија.
“Ало докторе“ е проект на Министерството за здравство, со кој се овозможува пациенти од специјалисти од различни области да добиваат совети за нега и грижа за своето здравје.