Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бројни делегации од општествениот, политичкиот и култирниот живот во градот, ученици и граѓани денеска се поклонија и положија цвеќе на Спомен костурницата на пднатите борци во НОБ по повод празникот 11 Октомври.
Почит на загинатите им оддадоа борците, претставници од Собранието, кабинетот на претседателот Иванов, Владата, општината, Советот на општина Куманово, политички партии и други. Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски говореше за значењето на празникот.
“Се создадоа два одреда Козјачкиот и Карадачкиот. Во октомври и двата одреда беа разбиени од помоќниот бугарски окупатор. Факелот на слободарската борба со нив беше запален и во натамошниот тек на војната следуваат низа други настани кои конечно доведоа до победа и ослободување на Куманово на 11 ноември 1944 година. По победата на фашизмот Македонија започна со стопански растеж, културен растеж во рамки на југословенската заедница, ги разви своите институции“ - рече градоначалникот.
Спирко Зафировски учесникот во НОБ се потсети дека во борба тргнал на 18 години, а сега има 90 години. Учествувал во Немањички партизански одред каде прибрале 50 млади луѓе доброволно да се борат против фашизмот.
На Спомен костурница имаше пригодна културно-уметничка програма.