Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На паркингот во центарот на градот, вчера се степале таксист и неколку лица заради паркирање на возило.
Инцидентот се случил околу 9.30 часот на улицата “Борис Кидрич“, кога таксистот С.Х.(39) и П.М.(21) се скарале околу поместување на возило. С.Х. се заканил дека ќе му ги испушти гумите од возилото, по што момчето извадило секира од колата и замавнало кон него, но не успејало да го удри. Потоа на паркингот дошле осум лица од кои едното го нападнало С.Х. удирајќи го по лицето, а друго му го скршило стаклото на возилото. Нападнатиот го стартувал возилото, се вратил назад со автомобилот при што најверојатно удирил во некој од насилниците. Со автомобилот заминал во полиција каде го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.